Don't Miss
Home / Uncategorized / Заев размислува за оставка

Заев размислува за оставка

Македонскиот премиер Зоран Заев сериозно размислува да си поднесе оставка откако веќе е речиси сигурно дека нема никакви шанси земјава да добие датум за преговори со Европската унија на самитот на шефови на земјите-членки што завршува денеска, брифираат дипломатски извори..

Според нив, Заев бил крајно разочаран од негативниот епилог во Брисел, кој, според него, не ги валоризирал компромисите при решавањето на соседските спорови и напредокот на реформски план.

Неофицијално, во тек е координација во СДСМ на целокупниот партиски врв, чии претставници се против ваквото сценарио и се обидуваат да го спречат и разубедат Заев да се повлече премиерската позиција.

Висок партиски функционер на СДСМ ни изјави дека засега нема ништо конкретно во однос на оваа тема и рано е да се каже било што, меѓутоа не ја отфрлува оставката на првиот човек на партијата и владата како можност што може да се следува.

Во тој контекст, австриската канцеларка Бригите Бирлајн рече дека Заев делувал разочарано поради исходот во Брисел, додека бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека го убедувал македонскиот премиер да не си поднесува оставка.

Набрзо треба да стане појасно дали Заев ќе одлучи дефитивно да се повлече или пак можеби ваквите најави претставуваа тактичка игра и форма на притисок до европските лидери, сепак, да донесат позитивна одлука за Македонија до крајот на денов.

Во меѓувреме, се појавија информации дека ќе се повлечат и други членови во владата кои водат ресори поврзани со надворешната политика и евроинтеграциите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*