Синоќа во Рудникот “ Суводол “ во РЕК “Битола“, при работа со градежна машина, животот го загуби работникот В.К., 60 години.
Сопред информацијата од РЕК “ Битола “ во моментот на несреќата, работникот В.К. бил ангажиран на извршување на редовни работни активности.
Стручните служби на РЕК “Битола“ и надлежните органи се на терен за расчистување на околностите под кои се случи несреќата.
Телото на загинатиот работник В.К. ќе биде предадено на обдукција, по што ќе се знаат и причините за смртта на работникот, информираат од РЕК “ Битола “