Во тешката сообраќајна несреќа која се случи доцна попладнево на патот Ресен – Битола според информации на “ Битолски весник “ загинаа две млади момчиња од Охрид.
Станува збор за момчиња на возраст од 27 години, кои загинале на самото место на несреќата.
Според извори на “Битолски весник “ двете момчиња загинале откако удриле во камионот со албански регистерски таблици. Подоцна на нив налетало возилото со битолски регистерски таблици, кое удрило во нивното возило.