Заменик амбасадорот на Австралија во Амбасадата во Белград, Филип Андерсон и почесниот конзул на Австралија во Македонија, Зоран Костовски, денес ја посетија општина Битола, каде имаа средба со градоначалникот Тони Коњановски.
На средбата, градоначалникот Коњановски, го запозна заменик амбасадорот со инвестициските можности на Битола, како и со големите културно – историски обележја кои ги поседува градот.
Заменик амбасадорот Филип Андерсон, нагласи дека помеѓу иселениците од Македонија во Австралија, има голем број битолчани, а неговата желба и заложба е да се изврши што поголема промоција на Македонија и Битола, со цел привлекување на поголем број туристи, што е особено важен сегмент за развојот на туризмот во градот.