Анализите направени во лабораторијата во МАНУ покажаа дека двајцата сопружници кои се вратија од патување во Занзибар и се ковид-позитивни го имаат британскиот сој на вирусот. Засега, во земјава сè уште не е потврдено дека јужноафриканската варијанта е присутна.„Според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот од другиот пациент кој пред неколку дена се врати од Занзибар, детектирано е присуство на британскиот сој на вирусот СарсКов2“,информираат денеска од Министерството за здравство.
Вчера, од Министерството информираа дека и брисот од другиот патник покажал дека го има британскиот сој на вирусот.
Сопружниците битолчани, инаку мажот познат битолски стопанствеик, а сопругата здравстевна работничка по двенеделен одмор во Занзибар, се вратија во земјава и откако развиле симптоми и се тестирале на коронавирусот се покажало дека тие се позитивни. Двајцата се хоспитализирани, мажот во Центарот за дијализа во Струга, а жената во ГОб „8 Септември“ во Скопје.
Комисијата за заразни болести на вчерашната седница донесе одлука да предложи задолжителен двонеделен карантн за сите граѓани кои се враќаат од африканските земји.