Во ТЕЦ Неготино завршуваат сервисните и ремонтните активности, и електраната се подготвува за враќање на мрежа на почетокот на декември.
Проверките и санирањата се изведуваат од страна на вработени во термоелектраната, домашни стручни лица и стручен тим од Украина, односно од производителот на опремата вградена при изградбата на ТЕЦ Неготино.
Во завршна фаза е санирањето на намотката и статорското јадро на турбогенераторот, се завршува контролното електрично испитување на намотката, по што ќе се пристапи кон затворање на турбогенераторот и завршни контролни електрични испитувања и заптивноста на истиот.
Вклучувањето на термоелектраната на мрежа е планирано на почеток на декември, во првиот кус период со еден котел, а потоа и со втор, согласно протоколите за работа.