Don't Miss
Home / Вести / “Жените креатори и носители на политиката“

“Жените креатори и носители на политиката“

               

        Денеска во Битола, во рамките на проектот “ И руралните жени можат“, кој се одржува со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), која ја спроведуваат Меѓународната фoндација за изборни системи и нејзиниот партнер, Националниот младински совет на Македонија, во хотелот Театар , се одржа трибина “ Жените – креатори и носители на политики”

        На трибината се обрати министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, градоначалничката  на Битола, Наташа Петровска и пратеничката на СДСМ од Битола, Бисера Костадиновска- Стојчевска.

-Пред повеќе од 100 години 8 ми март било симбол на борбата за еднаквост, во смисла на нашето право за глас. Пред 50 години кога се зборувало на овие теми битката била да се добие шанса за иста работа, да се добие шанса за подобро образование, да се добие шанса да се биде сметан за еднаков на работните места. Многу работи се сменија, многу борби се добија, меѓутоа сеуште зборуваме за планини кои треба да ги искачеме. Сеуште зборуваме за проблеми со кои што се соочуваат жените, а со кои мажите не мора да се занимаваат. Затоа на денот на жената да се потсетиме на она што тие го сработиле пред нас, но и да се потсетиме дека ние треба да придонесеме, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

– Ова е ден во кој што треба да си поставиме поамбициозни цели, да ги има жените повеќе на местата каде се одлучува на државно и на локалано ниво, да се потсетиме дека за иста работа треба да бидат подеднакво платени, дека семејствата во општеството треба да ги градиме како семејства на еднакви и се разбира дека денес треба да се потсетиме дека не чека голема работа за да го сузбиваме и да се бориме со успех и против родовото базирано насилство, насилството насочено кон жените кое не е само физичко туку и честопати знае да биде и психолошки притисок, притисок на социјалните мрежи, притисок на средината каде што понекогаш жените што отскокнуваат и не се прифаќаат најмногу, рече на трибината, министерката Радмила Шекеринска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*