Don't Miss
Home / Вести / Жетва од нови медали за Заншин До

Жетва од нови медали за Заншин До

Карате клубот  „ Заншин до “-Битола успешно стартуваше  во новата натреварувачка сезона, на која  настапи на два големи меѓународни карате турнири.

Најпрво на  9 ти март се одржа „Фунакоси опен„  на кој имаше 590 натпреварувачи од 8 држави.

  К. К. „ Заншин до “-Битола на овај турнир се закити со 21 медал и тоа 2 злата , 4 сребра и 15 бронзени медали.  На овај голем турнир настапија и Вероника Кочов и Стефанија Кикевска, кои повторно покажаа дека сите деца се еднакви и можат да го постигнат врвот во се она што сакаат.

Овие две девојки се закитија со злато и  добија силен аплауз од  присутните во салата.

На 31 март се одржа  турнирот “Гранд при Македонија “на кој учествуваа 1200 натпреварувачи од  13 земји ( Азербејџан,  Босна и Херцеговина,   Бугарија, Хрватска, Египет, Грција, Унгарија,  Косово, Црна Гора, Србија , Словенија и Македонија)  на овај голем настап     К. К. „ Заншин до “-Битола  се закити со 12 медали и тоа 4 сребра и 8 бронзи.

-Горда сум како тренер на успесите кои ги остваривме на почетокот нан овата натпреварувачка сезона.

По вие успеси продолжуваме со подготовки за големиот турнир кој ќе се одржи на 14.04.2024 год. “Олимпик Опен 2024” на кој повторно ќе настапиме со бројна екипа, меѓу кои ќе настапат  Стефанија Кикевска и Вероника Кочов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*