По повод Денот на Европа 9 Мај, Општина Битола, ЕУ инфоточката при Општина Битола, со поддршка на Делегацијата на ЕУ во РСМ и СОУ „Таки Даскало“, организираа он лајн активност, во која младите имаа свои излагања за начинот на конституирање на ЕУ, нејзиното функционирање и придобивките за младите.
Свое обраќање имаше и градоначалничката Наташа Петровска, која посочи:
„Претпладневната средба на zoom платформата со матураните од СОУ ,,Таки Даскало” беше одличен почеток за оваа работна седмица од две причини – дружење со млади и размена на размислувања, но секако и самата тема на разговорот, значењето на нашата европска интеграција. Негувањето и градењето на вредности политички, административни, економски и воопшто општествени кои отвараат можности за развој, перспективи, безграничности во стариот континент – ЕВРОПА, се дефинитивно и потреба за младиот човек и за сите нас. Нашите национални карактеристики како дел од мозаикот Европа се важна ЦЕЛИНА без која не се може, изјави Наташа Петровска.