Don't Miss
Home / Вести / Зоран Заев:Предвремени избори нема да има

Зоран Заев:Предвремени избори нема да има


„Поднесов оставка преземајќи ја врз мене одговорноста во октомври 2019 година. И го повикав целиот наш народ да се изјасни. Останува на проевропската агенда или не и ќе ја менуваме стратегијата. Победивме на изборите! Моето повлекување ќе значи изневерување на сите тие граѓани“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на гостувањето на телевизија „Сител“ во однос на барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори.

Премиерот Заев  истакна дека оваа Влада продолжува со европеизацијата на земјата, како и дека продолжува да работи на надминување на спорот со Бугарија.

„Ветивме меѓу другото редовни избори. Доста се веќе предвремени избори. Постојано секоја година да имаме предвремени избори, нема причина“, наведе премиерот Заев и дополни тоа не е изговор за предвремени избори.

Премиерот Заев посочи дека во нашата парламентарна историја постоеле Влади поддржани и од 80 пратеници, а имале проблеми во функционирањето.

Воедно претседателот на Владата нагласи дека и доколку се одржат избори тоа нема многу да ги смени нештата, бидејќи повторно би освоиле мнозинство гласови со оглед на тоа дека изборите се случија изминатото лето, а анкетите покажуваат предност на коалицијата пред опозицијата.

„Само ќе и потрошиме на државата нови шест месеци. Штети врз економија во време кога очекуваме нов економски рестарт. Затоа нема да одиме на предвремени избори“, нагласи премиерот Заев.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*