64 пратеници гласаа за разрешување на јавниот обвинител, Марко Зврлевски, на денешната пленарна седница во Собранието. По неколкунеделна расправа народните избраници се произнесоа за оваа точка откако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од дебатата.
По почнувањето на денешната седница пратениците веднаш преминаа на гласањето. Никој не се произнесе „против“ и никој од пратениците не беше воздржан.