Граѓанските организации “Граѓански Патеки“ и “ИКТ Свет“ објавуваат отворен повик за 10 учесници во младинскиот проект “Младите за мир преку филмската уметност”.
Повикот е отворен за млади на возраст од 15 до 22 години од општините Битола, Новаци и Могила.
Младите од различно етничко и културно потекло заедно ќе работат на продукција на документарен филм, за што ќе добијат соодветна обука и менторска поддршка од искусни професионалци.
Целта на проектот е јакнење на капацитетите на младите од различно етничко потекло за промовирање меѓуетнички дијалог, граѓански вредности и борба против дискриминацијата преку активности засновани на уметност и меѓукултурни иницијативи.
Проектните активности се насочени кон развивање вештини кај младите за граѓански ангажман преку уметност (филм) и зајакнување на свеста дека уметноста е моќна алатка за меѓукултурна комуникација, меѓусебно разбирање, развивање чувство на заедништво и припадност, јакнење на довербата и интеграција.
Проектот е поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како дел од проектот „Градење нови мостови – Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд“ („Building New Bridges – Youth Inter-Cultural Arts Fund“).
Термините за обуки и снимања ќе бидат одредени во договор со учесниците.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, пополнете го најдоцна до 12 декември 2024 следниот Апликационен формулар.
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на: graganskipateki@gmail.com.