Загина 19-годишниот битолчанец Ѓ. Т., а неколкумина други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што утрово околу 8 часот се случила меѓу три патнички и едно товарно возило на патот Битола-Прилеп кај Петилеп, потврдија од битолската полиција.
Во сообраќајната несреќа учествувале три моторни патнички возила, и тоа, „рено твинго“ и „шкода“ со битолски регистарски таблички, мерцедес со скопски и камион „ман“ со велешки регистарски таблички.
Како дошло до сударот засега нема подетални информации.
Дел од повредените лица се пренесени во болница.
По сообраќајката возилото „мерцедес“ било изгорено.
Увид на местото на несреќата изврши јавен обвинител и екипа од СВР.