Don't Miss
Home / Вести / 250 милиони евра од ЕБОР за Македонија

250 милиони евра од ЕБОР за Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски на онлајн видео конференција, заедно со министерката за финансии Нина Ангеловска и министерот за економија Крешник Бектеши, одржаа состанок со претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Сума Чакрабарти и неговите соработници, за состојбата со пандемијата на коронавирусот КОВИД-19 и за последиците, кои на глобално ниво и во нашата земја ги предизвикува ова заболување.
Претседателот на ЕБОР, Чакрабарти изрази задоволство како властите во Република Северна Македонија се справуваат со пандемијата на КОВИД-19, како и од преземените мерки за намалување на последиците. На видео конференцијата беше истакнато дека банката ќе го активира  „Пакетот солидарност“ за справување со економските последици од пандемијата КОВИД-19, а значителна поддршка ќе биде ориентирана кон земјите на Западен Балкан, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија.
Оваа година Република Северна Македонија од ЕБОР ќе биде поддржана со пакет од 250 милиони евра наменет за поддршка на финансискиот сектор, за енергетскиот сектор, за мали и средни претпријатија, но и за големите компании.
Дел од оваа поддршка е насочена и кон инфраструктури проекти, кои во наредниот период треба да се финализираат во тесна соработка меѓу Владата на Северна Македонија и ЕБОР.
Претседателот на ЕБОР, Чакрабарти, упати искрени честити за членството на нашата земја во НАТО и започнувањето на преговори со Европската Унија. Тој истакна дека ЕБОР останува посветена на поддршката на Република Северна Македонија во процесот на преговори со ЕУ и во најкус период ќе биде потпишан меморандум за соработка за оваа сфера.
Премиерот Спасовски изрази благодарност за досегашната поддршка, како и за отвореноста на ЕБОР, особено во овој тежок период и за вклучувањето на Република Северна Македонија во  „Пакетот солидарност“.
Воедно премиерот Спасовски искажа посветеност на Владата кон сите отворени досегашни проекти, но и кон проектите кои се во процес на планирање, за поддршка на динамичен економски раст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*