Don't Miss
Home / Uncategorized / Предложени реформи во ВМРО ДПМНЕ

Предложени реформи во ВМРО ДПМНЕ

Илија Илијовски, член на Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ. Предложи денес неколку измени на Статутот на партијата со кои таа ќе стане полиберална, подемократска и подецентрализирана во носењето на одлуките.

„Статутарните измени треба да воспостават нови органи во партијата преку кои таа ќе се децентрализира и ќе се зајакне учеството на поширокото членство во одлучувањето, особено околу кадровската политика“, рече Илиоски. Според него, треба да се конституира нов орган, односно Собрание на Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ кое ќе биде составено од непосредно избрани претседатели на месни комитети, како и претставници на стручни комисии на општинските комитети.

„Собранието ќе биде со надлежност да избира претседател на Општинскиот комитет, да утврдува листа за избор на советници и градоначалници, кандидати за пратеници, како и да одлучува за кадровски решенија на локално ниво. Се размислува за опцијата претседателот на ОК да се избира на непосредни тајни избори од страна на сите членови“, рече Илиовски на денешната прес конференција.

Што се однесува до Централниот комитет, тој според него и понатаму треба да остане движечка сила на партијата и неговите одлуки да бидат конечни и непроменливи. Но , според Илијовски, треба да има измени околу надлежностите на претседателот на партијата.

„Претседателот на партијата ќе има строго ограничени овластувања кои ќе му овозможат креирање на политики и застапување на партијата пред јавноста и институциите. Претседателот на партијата треба да има ограничен број на мандати“, додаде Илијоски.

Ова се само дел од предлозите на реформаторите кои наедно ги повикаа сите слободоумни членови, доколку имаат свои предлози, да ги достават до Републичкиот штаб за реформи на ВМРО-ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*