Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција најави дека во рамките на ребалансот на буџетот најголемо кратење направил во сопствениот премиерски буџет. Според него, кратењето ќе изнесува 420 милиони денари кои биле наменети за реклами и промоции. Тоа според него е намалување на неговиот премиерски буџет за 30 отсто. За што се трошело, или подобро расфрлало пари, Заев покажа со договорот за рекламирање на Си-Ен-Ен кој ја чинел државата 950.000 денари.
„Буџетот на претходните премиери само растеше“, нагласи Заев повторувајќи го предизборното ветување дека мерките што ќе ги презема ќе водат кон тоа парите од буџетот во што поголема мерка да им се враќаат на граѓаните.