Европската унија сака да инвестира во следните години околу милијарда евра во државите од Западен Балкан, изјави европскиот комесар за проширување Јоханес Хан.
Тој нагласи во интервју за Дојче веле дека целта е подобро поврзување со ЕУ.
Зборувајќи за самитот во Трст тој наведе дека ќе биде потпишан договор за транспорт што значи дека државите од тој регион ќе се поврзат со транспортното законодавство на ЕУ.
– Ќе склучиме низа проекти на подрачјето на транспортот, односно енергијата, во вкупна вредност од околу 200 милиони евра што на крајот ќе активира вкупни инвестиции од околу 540 милиони евра. Посебно важно е дека ќе создадеме претпоставки за ново регионално економско подрачје што треба да поттикне трговија во регионот која не е најдобро развиена, но има потенцијал, изјави Хан.