Новинарот Зоран Божиновски денеска излегува од притвор во затворот во Шутка, потврдија од Кривичниот суд.
„Судечкиот судија на денешниот главен претрес донесе одлука со која предлогот на обвинителот се уважува и мерката притвор се укинува, а согласно предлогот се определуваат превентивни мерки за обезбедување присуство на обвинетиот во текот на постапката. Против ова решение дозволено е право на жалба во рок од 3 дена“, се наведува во соопштението од Кривичниот суд.
Претходно на својот профил на Твитер, Здружението на новинарите на Македонија објави дека Божиновски излегува од притвор и дека со тоа Македонија конечно не е на срамната листа за земји со новинари во затвор.
Божиновски беше екстрадиран од Нови Сад во април минатата година, а е обвинет во случајот „Шпион“ за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.