По едночасовна пауза – ребалансот пред пратениците. Ребалансот на буџетот предложен од владата е на дневен ред на собраниската комисија за финансирање и буџет.
Осумстотитни и четириесет амандмани стигнале до собраниската комисија за финансирање и буџет – 706, поднела ВМРО-ДПМНЕ, додека останатите 134 амандмани се од партии од албанскиот политички блок.
Пред членовите ребалансот го образложи министерот за финансии Драган Тевдовски кој рече дека основна цел на предложениот ребаланс е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на политиките на новата влада.
Вкупните приходи во првите шест месеци се 86,4 милијарди денари што е 46 отсто во однос на планираното, а расходите се 94,6 милијарди денари. Министерот истакна дека на расходната страна сериозно намалување има кај расходите за стоки и услуги кои се скратени за 2 милијарди денари во однос на иницијалната проекција.