Фудбалерите на Пелистер ги завршија подготовките во Банско, Бугарија. Тие денеска попладне се враќаат во Битола. За време на подготовките “пелистерци“ одиграа и два контролни натревари,против Не Саломина од Кипар (1-0) и Анортозис во кој ремизираа без голови 0-0.
Битолчани по враќањето од Банско добија неколку слободни дена од тренерот Срѓан Захаривски, а потоа ќе тестираат против српскиот Динамо Врање на 6 август во Битола. Овој меч ќе биде генерална проба за дебито во шампионатот на 13 август во Прилеп против Победа.