Don't Miss
Home / Uncategorized / Архимандрит Партениј: Битолски весник, весник кој одоле(в)а на сите искушенија

Архимандрит Партениј: Битолски весник, весник кој одоле(в)а на сите искушенија

Деновиве на покана на Архимандритот отец, Партениј, екипа на Битолски весник,  беше во посета на Манасторот Св. Јован Бигорски.

Во неколку часовната посета на овој прекрасен манастир, за кој подолго време се грижи  отец Партениј и неговите верници како и монаси,  се уверивме дека и покрај тоа што катастрофалниот пожар што го зафати Манастирот пред неколку години, тој повторно го доби својот лик и станува светилиште за илјадници верници кои секој ден го посетуваат Св. Јован Бигорски.

Репортажата од посетата на Манастирот “ Св. Јован Бигорски “ каде најгласно зборува тишината, ќе ја објавиме во наредниот број на Битолски весник.

Во оваа прилика ќе ја пренесеме  само изјавата на отец Партениј за тоа како тој ја доживува верата кон бога и пораката за Битолски весник.

– Јас,  сѐ што правам  правам за слава на Бога и од љубов кон Него, а сигурно во очите на Бога тоа е толку малку. Како монах јас потполно сум се предал на Црквата, сите мои планови и надежи сум ги положил пред Божјиот Престол. Верувајте, како христијанин никогаш не очекувам признание од луѓето, туку само од Бога, бидејки сум научил дека христијанинот треба постојано да се дава себеси во служба на Бога и ближниот, не барајки за тоа никаква награда и надокнада. За тоа Апостол Павле убаво нѐ поучува, кога вели: „Поблажено е да се дава, отколку да се зема”.Вистинскиот монах треба да избегнува да зборува добро за себе, а секако и да ги избегнува пофалбите од другите. Па бидејки јас се определив да се прибројам кон светиот собор на монасите, ќе избегнам било што да кажам за мене, но ке го кажам тоа дека „само за едно Го молам Господа и само тоа го сакам, да останам во дворовите Господови”, да Му останам верен до крајот на животот и да Му послужам, според Неговата света воља, за мое спасение, за полза на Црквата и на татковината, ни изјави  архимандритот Партениј.

Отец Партениј за време на средбата воодушевен од тоа што Битолски весник и по 54 години сеуште излегува, давајќи ни благослов да истраеме да го одржиме Весникот ни рече:

– Битолски весник е весник кој им одоле(в)а на сите искушенија.

Да се опстане 54 години на медиумскиот простор, ваков каков што е, е вистински подвиг. Затоа сите кои се грижат за Весникот заслужуваат честитки. Изразувајќи Ви искрени честитки за напорот кој го вложувате да го одржите Битолски весник, јас ја користам оваа прилика да ви дадам благослов да истраете на тој пат и Битолски весник уште долги години да опстојува на медиумскиот простор ,рече отец Партениј.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*