Don't Miss
Home / Uncategorized / Средба Поповски – Бејли

Средба Поповски – Бејли

Министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски денеска се сретна со американскиот амбасадор Џес Бејли, со кого, како што информираат, разговарале за заложбите на новата Влада во насока на целосна транспарентнсот, отчетност и отворена комуникација на сите институции кон граѓаните на земјава на сите теми кои се од јавен интерес.

На средбата министерот Поповски ги потенцирал итните приоритети на Владата насочени кон реформите во медиумите предвидени во рамките на планот 3-6-9 во насока на забрзување на евроатланските интеграции на земјава, додека во однос на транспарентноста на Владата кон медиумите и јавноста, министерот најавил неделни брифинзи со медиуми кои секторот за Комуникации ќе ги оддржува по секоја редовна владина седница со интенција истите да станат редовни.

Зајакнување на улогата на телата за само-регулација е правецот кој ќе го отвори патот кон зголемена професионализација на медиумите, посочи Поповски на средбата, се вели во соопштението од Владата на РМ.

На состанокот посебно внимание било посветено и на предлог Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој во моментов е во фаза на јавна дебата и се очекуваат забелешките и дополнувањата од страна на граѓанските организации кои се транспарентно вклучени во процесот, по што предлог законското решение ќе биде ставено на дневен ред на седница на Влада.

На средбата, исто така, се разговараше и за актуелната состојбата на јавниот радиодифузер, а министерот Поповски најавил дека Владата ќе направи анализа на состојбите и ќе направи се што е во рамките на законските можностите јавниот сервис да продолжи да работи непречено во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*