Don't Miss
Home / Uncategorized / Одлука за изземање на имунитетот на судии

Одлука за изземање на имунитетот на судии

Судскиот совет на Република Македонија пред малку на својата веб страница објави дека е донесена Одлука за одземање на имунитет на судии. Оваа одлука е донесена на денешното продолжение на 261 – та седница.

Како што објавивме претходно, членовите на Судскиот совет денеска зад затворени врати расправаа за одземање на имунитетот на пет судии од Управниот суд, а кои беа под истрага во предмет покренат од Специјалното јавно обвинителство поврзан со сомневања за изборни измами, а под кодно име „Титаник 2“.

Судиите се осомничени за злоупотреба на судиската функција во партиски цели – судско решавање на приговори во корист на владејачката партија.

Освен за имунитетот на судиите осомничени во предмет на СЈО, Судскиот совет донел решение и за престанок на судиска функција на Абдула Лимани, судија на Апелационен суд Скопје, поради навршени 64 години.

На седницата било донесено решение за престанок на судиска функција на Јаготка Денковска, судија на Основен суд Куманово, поради навршени 64 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*