Don't Miss
Home / Uncategorized / Илјадници евра државни пари Канчевска трошела за лични задоволства

Илјадници евра државни пари Канчевска трошела за лични задоволства

Четири илјади и триста евра од личната картичка на екс-министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска се одлеале на сметката на прочуениот ланец хотели „Хилтон“ за само еден ден. Но, не од нејзината приватна сметка, туку од сметката на буџетот која ја полнат граѓаните на Република Македонија. „Хилтон“ не бил единствената дестинација на екс-министерката, која била чест гостин и на прочуените хотели „Шератон“ и „Риц“ во европските и светски метрополи. За ноќевање во овие хотели била плаќана сума од 300 евра од вечер.

Картичката се користела за сè и сешто-од набавка на апарат за кафе-Неспресо, преку набавки во „Зара хоме„ во Солун, познатиот грчки шопинг центар „Нотос Галериес“, потоа „Балдинини“ во Венеција, Монклер УК ЛТД во Лондон. Но, пазарела и во грчката продавница Публик, позната по техничка стока, потоа во продавници на ЦУМ и Харли Дејвидсон (препознатливи во марката мотори), каде е плаќано во рубли.

Многу често повеќе плаќала во шопинг центри и продавници отколку за престојот во познатите туристички места и метрополи. Картичката најчесто била трошена во странство, поретко дома. А тука, најчесто во познати ресторани, но во еден наврат и во познатата книжарница „Просветно дело“.

Со трошоците стигнувале и опомени и затезни камати, поради ненавременото уплаќање на рати на „Дајнерс“ картичката, која министерката ја носела на патувањата, каде не секогаш одела сама. Еден од долговите е на сума од над 500 евра. На истата оваа картичка вадела кеш, но и уплаќала пари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*