Синот на поранешниот диплoмат Ристо Никовски, Александар Никовски, како еден од советниците на поранешните премиери Никола Груевски и Емил Димитриев, добивал месечен хонорар од 3.000 евра.
Од документите може да се види дека тој станал советник на Груевски во 2014 година и во неговиот договор е посочено дека тој е ангажиран за да ги советува премиерите по прашања поврзани со странските инвестиции. Последниот договор на помладиот Никовски бил склучен во 2016 година во месец октомври или непосредно пред предвремените парламентарни избори. Подоцна договорот го засилил и со анекс со кој што Владата покрај месечниот хонорар му обезбедила и патни трошоци, трошоци за храна и хотелско сместување, трошоци за репрезентација и за телефонски сметки