Целиот персонал на абасадата на Р. Србија во Скопје е повикан на итни консултации во Белград, пренесуваат медиумите.
Ова пишува во нотата која српското МНР ја пратило до македонските колеги, но во нотата не биле наведени причините за овој чин.
Од Министерството за надворешни велат дека се обидуваат во комуникација со српските власти да ги дознаат причините за ваквиот чекор. Според Виенската конвенција, Македонија презема мерки за заштита на безбедноста и интегритетот на Амбасадата на Србија во Скопје.