Don't Miss
Home / Uncategorized / Серенади и Наполитански песни во Карпош

Серенади и Наполитански песни во Карпош

Со прекрасна рецитал – изведба на народни песни од фолклорното македонско творештво, хорот „Серенада“ ги забавуваше присутните гости  вчеравечер на  Карпошовото културно лето. Пензионерите –хористи ги собраа аплаузите на отворената сцена на платото во Т Ц „ Лептокарија“, како од повозрасната генерациска публика, така и од помладите жители на Општина Карпош. Со хорската рецитација на „ Биљана платно белеше“ , „ Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ , „ Зурли трештат на сред село“, како и безвременската „ Серенада“, овој хорски состав им приреди   незаборавна вечер на карпошани.

Вистинското летно уживање на оваа културна карпошова манифестација го продолжија Влатко Груевски ( тенор ) и  Андреј Наунов ( пијано) . Тенористот Груевски и пијанистот Наунов на присутните карпошани им  овозможија пријатна ѕвездена карпошова ноќ со наполитански песни. Овој вид на музички жанр кој е со карактеристична медитеранска мелодија, пишуван исклучиво на наполитански дијалект е популаризиран стил во 19-тиот и особено во 20 –тиот век, најпрво во Италија, па потоа и на северно-американскиот континент од страна на неаполците доселени таму. „ Santa Lucia“, „ Maria Mari“, „Luna Rosa “, како и светски познатата наполитанска нумера „ О sole mio“ беа дел од репертоарот на музичко-уметничкиот двоец, кој на гостите  сношти им подарија вистински  „ наполитански коцерт“.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*