Според информациите од полицијата, несреќата се случила на крстосницата со улиците „Партизанска“ и „Ѓорѓи Наумов“ во Битола, вчера околу 20:50 часот.
Седумдесет и шест годишниот А.П. од село Трново е тешко повреден откако во него удрил автомобил „Фиат Пунто“ управуван од 31 годишниот С.К. од Битола.
Прегазениот пешак со тешки повреди бил пренесен во битолската болница каде е задржан на понатамошно лекување.