Градоначаникот Лазар Котевски деновиве даде отчет за сработеното во изминатите 4 години.
Во Отчетот, градоначалникот Котевски истакна дека во третиот свој мандат реализирал бројни инфрастуктурни проекти, од кои некои имаат капитална вредност.
-Да работиш во интерес на народот е најголема чест, но и голема обврска да останеш доследен на зборот. Да го исполниш ветеното е најголем предизвик,но истовремено и најголемо задоволство,истака на почетокот од своето излагање градоначалникот на Новаци Лазар Котевски.
Потребите на граѓаните во преден план
Притоа градочалнокот Лазар Котевски нагласи дека како и во претходните два мандати,така и во третиот мандате, работел со цел да ги задоволи потребите на жителите на општината Новаци, со цел да го оствари зацртаното со неговата изборна програма.
-Во изминатите четири години заедно со Советот и администрацијата работевме и се трудевме општината Новаци да стане урбана општина. Тоа беа динамични години, исполнети со многубројни активности во сите сфери на живеење, години на подем, кој изобилува со голем број завршени значајни проекти за нашето население, истакна на почетокит од свотео излагање, градоначалникот Лазар Котевски.
Притоа тој нагласи:
-Во изминатите 4 години остваривме голем број проекти, но се реализираа и голем број други проекти кои не беа ветени во изборната програма.Општина Новаци во изминатиот 4 годишен период реализира околу 480 проекти и тоа, во делот на инфраструктурата, образованието, културата и европските проекти. истакна градоначалникот Лазар Котевски, кој задржувајќи се на вложувањето на Општината во областа на инфраструктурата истакна.
Во делот на инфраструктурата асфалтирани се локални и регионални патишта во должина од 52 км, во вредност од 4.800.000 евра, средства на Владата на Репулика Македонија како и платежната Агенција од Министерството за земјоделие.
Притоа градоначалникот Котевски ги нагласи вложувањата во областа на инфратсруктуара во општината:
-Во изминатите четири години го изградивме локалниот пат Р 311 до Зовик, во должина од 6 км, изградивме локален пат Рибарци-Гнеотино во должина од 4.1 км, го асфалтиравме патот Гнеотино-Брод од 7км и го поврзавме патот Арматуш-Мегленци во должина од 3 км. Притоа го асфалтиравме локалниот пат до Манастирот во Живојно во должина од 700 метри., извршивме асфалтирање на патот од Новаци до Тополчани во должина од 19,5 км, го саниравме патот Гнеотино-Брод во должина од 2,5 км со средства од УНДП, кој беше оштетен од поплавите.
Во овој период изградени се 4,5км асфалт на патнот правец Рапеш Старавина кој и понатаму ќе продолжи, извршивме санирање на патот Р. 311 од Новаци до мостот на Црна река во должина од 1 км кој, беше оштетен од поплавите, а саниран е и патот Бач- Гермијан во должина од 1км турен е нов асфалт.
Ова се само дел од реализираните проекти, истакна градоначаникот на Новаци Лазар Котевки.
Во продолжението на Отчетот градоначалникот на Новаци Лазар Котевски истакна дека општина Новаци, во која гравитираат вкупно 41 село, секоја година носи програма за асфалтирање на улици во општината.
За таа цел Новаци донесе програма за асфалтираме улици во должина од околу 4 км,од кои 3 км се од буџетот на општиата Новаци и 1 км од Бирото за регионален развој. Вкупната вредност на овие инвестиции изнесува околу 75.000.000 денари. Изградени се водоводи од централниот водовод од Битола во 3 села: Долно и Горно Агларци и Далбеговци во вредност од 250 илјади евра и извршена е санација на локални водоводи во вредност од 180 илјади евра.дозавршена е канализацијата во Новаци во должина од 1 км, во вредност од 95 илјади евра.се врши чистење на дивите депонии, чистење на десетиот канал и на сите одводни и доводни канали секоја година, нагласи Котевски.
Притоа градоначалникот Лазар Котевски ги наброја инвестиците во ова област, како што е изградба на брана во с.Живојно со вредност од 2.5 милиони денари.
Исто така општината Новаци во програмата за развој инвестира секоја година за употреба на механизација околу 3милиони денари , за одржување и реконструкција на полските патишта вложи над 5 мил.денари
-Во делот на инфраструктурата во изминатиот период извршивме надградба и уредување на општинската сала во вредност 15милиони денари, извршено е партерно уредување на дворот во Општината и споменикот на дедо Кољо Војвода Мариовско Лерински, во вредност од околу 5,7милиони денари, изградено е тениско игралиште во с.Добромири во вредност од 6 милиони денари,изградено е повекенаменско игралиште во вредност од 8 мил.денари со средства од Агенцијата за млади испорт,а исто така изградена е и спортска сала во вредност од 25милиони денари со средства од Владата на Република Македонија, односно Министерство за образование.
Во измините 4 години извршено е и чистење на реката Црна во должина од 30 км во вредност од 500 илјади евра и плус 300 тона нафта со средства од Владата на Република Македонија преку Министерството за земјоделие, изградени се бекатон патеки и тротоари во селата Новаци и Гермијан, во должина од 2 км, изградени се пешачки мостови во Градешница изградени се капела и автобуски постојки, изграден е Културен центар во Новаци, во кој се вложени вкупно 6 милиони денари, во кој се сместени Културно Иновативниот Клуб ,КУД Новаци и отворен е пензионерски клуб. нагласи Котевски, кој притоа додаде дека секоја година општината Новаци одредува средства и за зимско одрзување.
Притоа градоначалникот Лазар Котевски истакна дека со средсвата за фосилни горива, кои ги добива Општината Новаци преку екопроекти, спроведени се чистење и прокоп на канали за атмосферска канализација во повеке села на општината Новаци во вредност од 32 милиони денари.
Зборувајќи за помошта која ја дава општината Новаци градоначалникот Лазар Котевски нагласи дека Новаци ги помага сите цркви и манастири и секоја година општината издвојува средства за нив, партерни уредувања во повеке села во општина во вредност од 200 илјади.
На отчетот градоначалникот Лазар Котевски зборуваше и за вложувањата на Општината Новаци во областа на образованието
Притоа тој нагласи дека изградено е ново училиште во Далбеговци од Министерство за образование во вредност од 3,5 милиони денари, извршени се реконструкции на училиштата во Гермијан ,Живојно, Рапеш и Агларци во вредност од 130 илјади евра, изградена е градинка во Новаци во вредност од 100 илјади евра, отворени се игротеки во Новаци, Агларци, Живојно, Гермијан во кој се вложени 120 илјади евра. На учениците од ОУ”Славко Лумбарковски” им се обезбедени ваучери за солена соба.
Во отчетот градоначалникот Лазар Котевски зборуваше и за вложувањата на општината во областа на спортот.
За вложувањата во спортот градоначалникот Котевски нагласи:
Во изминатиот трет мандат изградени се детски паркови во Новаци Живојно Агларци Далбеговци, ракометни игралишта во 6 села: Далбеговци Горно и Долно Агларци,Новаци, Живојно и Гермијан, извршена е реконструкција на салата во Гермијан и Рибарци. За да го стимлулира спортот и рекреацијата во општината Новаци доделено се и грантови за велосипеди.
-Досега општината Новаци има добиено 150 барања за грантови за велосипеди од кои 70 се реализирани. Грантот изнесува 4.000 денари за еден велосипед, нагласи Котевски.
Во рамките на подобрувањето на условите во областа на спортот поставени се 300 столчиња на стадионот на ФК Новаци, редовно се помагаат ФК Новаци кој се натпреварува во Втората фудбалска лига во висина од 2.5 милиони денари и пет други спортски екипи во општината.Секоја година се организира меѓународен турнир за пионери, а се организира и турнир во мал фудбал “Пеце Матичевски” во Новаци.
Во делот на културата реалзиранис е следните проекти:
Се организира културно лето заедно со културно Иновативниот клуб и КУД Новаци и топол културен бран, кој секоја година се организира и финансира од буџетот на Новаци
Секоја година се организира џип турнеја за Мариово, на која главен спонзор е Новаци. Се финансира и Културно Иновативниот Клуб Новаци. Се организира фестивал за изворни песни по повод Илинден во село Градешница. Се одделуваат средства за дочек за Нова година, Водици и исто така е завршена реконструкција на културен центар во с.Добромири и ред други работи.
Општина Новаци е една од ретките општини која ги користи европските проекти.
За таа цел ни се одобрени средства за реконструкција на мостот на Зовик во вредност 23 илјади евра, извршена е реконструкција на Црквата св.Димитрија во Градешница во висина од 50 илјади евра, извршена е реконструкција на куќата на Калеш Анѓа во с.Старавина.,означени се и обележани 3 патеки, извршено е деминирање во должина од 6 км, изработени се 2 ИТ дата бази за туристички патеки,организирани се седмо дневни школи за фотографирање, изработена е мобилна апликација.
Извршено е мапирање и поставување на знаци на територијата на Новаци.
Сето ова е во проектот” Жива историја,Жива природа” со средства од ИПА програмата за меѓународна соработка со Македонија и Грција.
Исто така Новаци има на надворешен план соработка и побратими сме со општина Дуги Рат- Хрватска, Хрпелје Козина Словенија, општина Фармос од Унгарија, Борован од Бугарија, Алмопија Грција И 4 преку океански општини од Австралија, Рокдајл, Сиднеј , Виталси од Мелбурн, Дендино Мелбурн и Бендико Мелбурн.
Исто така имаме капитални проекти кој се започнати, а треба да се завршат, како што се префрлување на системот “Стрежево” преку реката Црна, со кој кој ќе се наводнуваат 3 илјади хектари, спроведувањето на Топлификација Новаци – Битола- Могила во висина од 47 милиони евра, изградба на Регионална депонија во вредност од 25 милиони евра, истакна во отчетот градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски.