Судскиот совет на денешната седница донесе одлука работното време на судовите да почнува во 7.30 часот и да завршува во 15.30 часот, наместо како што бешедосега, од 8.30 до 16.30 часот.
Новото работно време на судовоте ќе почне да се применува од понеделник, 4 септември, според одлуката на Владата за промена на работното време на администрацијата.
Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, по седницата изјави дека за новото работно време се изјасниле и вработените во судовите и додаде дека Советот ќе следи како тоа ќе влијае на ефикасноста на судовите.
– Вработените во судовите, и судиите и судската администрација, недвосмислено се изјаснија дека им е подобро да работат од 7.30 часот. Ние го почитувавме тоа и сега ќе видиме, ќе следиме како тоа ќе влијае на ефиктивноста на работата на судовите – рече Караџовски.