Don't Miss
Home / Македонија / Ѓорги Лазаревски:Три години ги “архивирав“ прислушуваните разговори

Ѓорги Лазаревски:Три години ги “архивирав“ прислушуваните разговори

Благодарение на Ѓорѓи Лазаревски, вработен во УБК и поранешен началник на Петта управа, Македонија ги слушна разговорите на поранешната власт, но и дозна дека во УБК се вршело масовно незаконско прислушување.

Тој и Ѕвонко Костовски беа обвинети во случајот „Пуч“ дека ги дале нелегално прислушуваните разговори на Зоран Верушевски, кои потоа сегашниот премиер Зоран Заев ги објавуваше. Во интервју за НОВАТВ, Лазаревски вели дека во УБК се создал амбиент на приватизација на институцијата. Се носеле нови нестручни кадри, а старите биле тргани на страна.

-Во еден момент јас бев во очај и мислев дека ова никогаш веќе нема да се сруши…За среќа преживеавме, но јас не можам да се повратам, едноставно не сум веќе истиот човек…Веројатно за еден живот вреди да се помине тоа, да си речеш „барем не сум живеел залудно“, вели Лазаревски кој помина 11 месеци во притвор.

Тој објаснува дека во 2008 година дознал дека во УБК се прави нелегално масовно прислушување и не сакал тоа да го премолчи. Заедно со Ѕвонко Костовски со кого го делеле незадоволството од тоа што се прави во УБК, три години ги собирале нелегално прислушуваните разговори за да се открие вистина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*