Don't Miss
Home / Uncategorized / “Данке Капитано”,

“Данке Капитано”,

Со пораката „Данке Капитано”, и со песната „Ѕоу’лл невер њалк алоне”, алудирајки дека секогаш ќе остане дел од семејството на Мајнц, германскиот клуб му се заблагодари на битолскиот фудбалер, македонскиот фудбалски интернационалец, и долгогодишен репрезентативец, Николче Новески, за 12-те години и повеке од 300 настапи одиграни во  дресот на Мајнц..

На спектаклот кој беше приреден во негова чест  на „Опел Арена” во Мајнц, фановите покажаа дека засекогаш ќе го паметат капитенот, а Мајнц најверојатно ќе му понуди да биде дел од структурите во клубот.

На ваквите убави желби Николче Новевски се заблагодари со зборовите како и во песната, дека никогаш нема да чекори сам и секогаш ќе биде дел од Мајнц.

Инаку Николче Новевски во „Опел Арената” во Мајнц  го имаше прошталниот натпревар.

Поранешниот капитен на ФСВ Мајнц 05 го држи рекордот во одиграни натпревари во Бундеслигата за тимот на Мајнц. Цели 11 години Новески имаше договор со клубот. Тој на прошталниот натпревар го собра кремот на фудбалот во Германија.

Од Ливерпул дојде Јирген Клоп, за тимот на Новески на клупата  седеше Томас Тухел, а дојдоа  и Иван Класниќ, Кристијан Веткло и поранешниот тренер на Штутгарт и Билефелд, Јирген Крамни.

Поопширно во утрешниот број на Битолски весник

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*