Во 12 години владеење, ДПМНЕ покрај тоа што не направија ништо ни го уништија и тоа што го имавме. Повеќе од 4 години Битола е оставена без полигон за полагање возачки испити.
Откако во мај 2013 е донесено решение за забрана за користење на полигонот, повеќе од 1.500 битолчани годишно, се принудени да одат до соседните градови – Прилеп и Ресен, за обуки и полагање, со што, покрај скапиот износ за возачка дозвола, приморани се и на дополнителни трошоци.
Цели 4 години,ДПМНЕ и Талески не успеаа да одредат ниту локација за полигон, за на крај да не убедуваат дека имале земјоделско земјиште кое треба да гопренаменат.
Но до ден денес,за еден ваков круцијален проект,ништо не е направено ниту на хартија, а уште помалку за негова изградба.Повеќе од очигледно е дека ветените проекти на ДПМНЕ се потонати во мракот на едналоша и јалова политика која своевремено остави разорни последици во Битола.
Срамно и недопустливо е што по толку години овој проблем остана затворен низ општинските фиоки.
За идната локална самоуправа предводена од СДСМ и коалицијата полигонот во Битола ќе биди еден од примарните проекти кои ќе ги спроведе. Со тоа овој горчлив проблем ќе стане минато и битолчани ќе можат повторно да полагаат во својот град,истакна Еленора Илиевска, кандидатка за советник во Советот на општината Битола.