Во последно време, сите мерења на загаденоста на воздухот во Битола, покажуваат дека Битола е еден од градовите каде загадувањето на воздухот постојано расте.
До редакцијата на Битолски весник стигнаа информации од наши читатели дека загадувањето на воздухот е некогаш е за илјада проценти над дозволеното.
Мерните инструменти за мерење на квалитетот на воздухот во Битола при Министерството за екологија, не работат.
Битолчани се загрижени за воздухот кој што го дишат, а особено со алармантните податоци коишто доаѓаат од медицинските работници дека драстично се зголемува и бројот на лицата заболени од рак. Дека загриженоста на битолчани за загадувањето на воздухот во Битола е голема, најдобра потврда е што во Битола се формира и група на социјалната мрежа “Фејсбук“ со наслов “Битола сака чист водух“ која наиде на голема поддршка од граѓаните со близу три илјади поддржувачи.
Б.В.