На 21 септември во Битола ќе се одржи турнир во пинг- понг во организација на ППК Мултитекс ТБТ, под покровителство на Болницата “Плодност“.
За победниците на турнирот се обезбедени вредни парични награди.
-ППК Мултитекс за цел има секоја година пред почетокот и на крајот од првенството во сите лиги во пинг- понг да организира турнир, на кој силите ќе ги одмерат најдобрите играчии од Македонија и гости од странство.
ППК Мултитекс во јуни организираше турнир на кој главна звезда беше балканскиот првак до 21 година и репрезентативец на Црна Гора, Ирфан Чекиќ кој убедливо го освои турнирот-велат организаторите.
Плановите за во иднина на ППК Мултитекс ТБТ за следната сезона се:
Освојување на првото место во лигата кое обезбедува пласман во првата лига и почеток на школата за млади пинг понгари, што во Мултитекс го сметаат како главна инвестиција за иднината на клубот.