Во врска со пресудата на Апелациониот суд Скопје, со која екс- премиерот и лидерот на СДСМ, д-р Владо Бучковски е осуден на 2 години ефективен затвор, Бучковски во стилот на јунакот од цртаните ликови, Калимеро изјави:
-Седум години барам правда, но неа ја нема. Побрзо ќе најдев игла во стог сено, отколку правда. На пресудата ќе поднесам жалба до Врховниот суд и ќе барам вонредно преиспитување на истата, истакна во изјава за медиумите д-р Владо Бучковски.
Доколку жалбата на Бучковски биде одбиена, д-р Владо Бучковски, покрај премиерот на Хрватска Иво Санадер и на Словенија Јанез Јанша, ќе биде третиот премиер од поранешните простори на Југославија, кој ќе лежи затвор за криминал.
Б.В.
Tagged with: врховен суд екс-премиер пресуда