Home / Uncategorized / На 31 март пресуда за “ Транспортер“

На 31 март пресуда за “ Транспортер“

                     

          Со давање на завршните зборови на сите обвинети ви случајот  “Транспоретр “ во Кривичниот суд во Скопје заврши судскиот процес на случајот со превозот на учениците во Битола.

          Пресудата на обвинетите судијката Добрила Кацарска  ќе им ја  соопшти вторник на 31 март.

           Во исчекување на првостепената пресуда тоа што најмногу во моментот ги загрижува обвинетите се огромните трошоци кои треба да им се исплатат на адвокатите, кои според некои пресметки достигнуваат и по неколку милиони денари.

          Инаку во случајот “ Транспоретр “ покрај градоначалникот на Битола, Владимир Талески и екс секретарот на општината Слободан Бончановски обвинети се уште 19 лица, директори на основни и средни училишта, како управители на автопревозни фирми, кои се теретат дека го оштетиле буџетот на Општината Битола за 360.000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*