Don't Miss
Home / Спорт / Сопственикот ги врати клучеви на ФК Пелистер!?

Сопственикот ги врати клучеви на ФК Пелистер!?

Фудбалскиот клуб Пелистер повторно се враќа во сопственост на Општината. Од изври блиски  на порталот на Битолски весник дознаваме дека сопственикот кој го имаше мнозинскиот пакет акции на Пелистер ги вратил клучевите на клубот во Општината.

За ваквиот потег тој со писмо ја известил општинската администрација.

Во писмото сопственикот на Пелистер напишал дека се повлекува од спонзорирањето на Пелистер и дека заклучно со денот на предавањето на клучевите ќе ги исплати сите обврски спрема играчите и останатите доверители.

Инаку како што пишуваме ФК Пелистер е во тешка ситуација. Играчите веќе 4 месеци се без плата, а тоа се одрази врз резултатите на клубот.

Поради таквата ситуација Плеистер го напушти тренерот Срѓан Захариевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*