Don't Miss
Home / Uncategorized / Повторно одложен судскиот процес “ Транспортер “

Повторно одложен судскиот процес “ Транспортер “

Судскиот процес “ Транспортер “ во кој првообвинет е екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески е повторно одложен поради болест на една од обвинетите директорки во случајот, Анита Ангелевска.

Имено адвокатот на Ангелевска доставил лекарско уверение дека таа била болна и дека била хоспитализирана во Клиничката болница во Битола.

Судењето во овој процес, кој никако да започне е одложено за 13 декември.

Инаку ова е втор пат  да биде одложено судењето во случајот со “бесплатниот “превоз “ Транспортер” Првиот пат тоа беше одложено поради тоа што наводно директорката на средното медицинско училиште “Јован Калаузи” немала уредна достава.

Инаку во “Транспортер “ покрај Талески и неговата десна рака Слободан Бончановски обвинети се уште 19 директори на основни и средни училишта, како и на автопревозни претпријатија.

СЈО ги товари нив дека со своите постапки предизвикале штета во износ од 360.000 евра.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*