Don't Miss
Home / Uncategorized / Подобри услови за станарите на домот “ Мајка Тереза“

Подобри услови за станарите на домот “ Мајка Тереза“

Општина Карпош пристапи кон реализација на даденото ветување за подобрување на амбиентот на старскиот дом „Мајка Тереза“ во Злокуќани. Во рамки на тоа почна поставувањето на оградата – гелендер по скалите и на тремот. Освен тоа се работи на поставување на настрешница за излез во дворното место на домот за стари лица како и на оспособување на подот за пристапување до берберскиот салон. Изведувач на работите е фирмата „Мастеф“ од Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*