Сега веќе екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески се расфрлал со општинските пари како да е Дедо Мраз.
Тој за Битфест годинава потрошил ни помалку ни повеќе туку над 220.000 евра, а од сите проекти кои тој дебело ги плати општината Битола не доби ни еден денар.
Тоа што паѓа в очи е што Талески при распределбата на општинските пари се однесувал како да е Дедо Мраз и давал пари како ке стигнел и спрема негов вкус и според негови критериуми.
Распределбата на парите за “проекти “ се движела од 10.000 денари на некои поединци до милионски суми на пари на некои институции и продукции.
Според списокот за распределбата на парите Талески очигледно е дека немал мерка во трошењето на парите за БитФест.
Тој при распределбата на парите вршел селекција според негов вкус, па така ги селектирал и медиумите.
На некои медиуми им давал по смешни 15.000 денари, а на некои по стотици илјади денари.
Талески ги селектирал и физичките лица при распределбата, па така на некои лица им давал симболични износи а некои и те како добро ги офајдил.
за да биди се во стилот на Талески тој на своите блиски веднаш им ги платил “проектите “ а на некои сеуште им должи.