По повод 8 декември, патрониот празник на Универзитетот „Св.Климент Охридски” – Битола денеска беа промовирани 11 доктори на науки.
– Универзитетот во текот на денешнава промоција ќе промовира 11 доктори на наукии тоа, четири од Економскиот факултет од Приле, три од факултетот за Туризам во Охрид,три од Педагошки факултет во Битола и еден од Биотехнички факултет во Битола, што значи од различни струки, од различни земји.
И со тоа УКЛО ја збогатува сликата на доделување на највисоки звања кои што може да ги издаде еден Унивезритет, изјави проф. д-р Сашо Коруновски ректор на УКЛО. Тоа се нашите амбасадори, а најчесто пред се имаме од опркужувањето доктори на науки, но денес ќе промовираме еден доктор на науки кој што има заедничка диплома заедно со друг Универзитет, тоа се должи на една политика, продор на нашите можности надвор од границите на Македонија и оние кои што успешно го положиле тестот на добивање на највисоко звање, нивните позитивни искуства се најдобрата препорака за други да дојдат и да го стекнат тој степен на образование, изјави проф. д-р Сашо Коруновски ректор на УКЛО.
Досега на битолскиот Универзитет докторирале 281 доктор на науки.