Во Скопје денеска почина проф. д-р Томислав Чокревски, поранешен министер за внатрешни работи, соопшти МВР.
Чокревски беше на чело на Министерството за внатрешни работи од почетокот на 1996 до крајот на 1998 година.
Тој беше и професор на Правниот факултет во Скопје, како и негов декан во 1991 и 1992 година. Од 1992 до 1994 година беше ректор на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Покрај министерувањето во МВР, тој бил и министер во владата на Социјалистичка Република Македонија, односно републички секретар за образование, наука и култура од 1967 до 1971 година.