Don't Miss
Home / Uncategorized / Совети на полицијата за празниците

Совети на полицијата за празниците

За безбедно прославување на Новогодишните и Божиќни празници, Секторот за внатрешни работи Битола, Ви препорачува да ги почитувате следните совети:

НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ ВО ГОЛЕМИ КОЛИЧИНИ-АЛКОХОЛОТ Е ГЛАВНА ПРИЧИНА ЗА СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ

Но доколку планирате да конзумирате алкохол-немојте да управувате со моторно возило-користете такси превоз или предадете ги клучевите од моторното возило на Ваш близок кој не конзумира алкохол.

ДА НЕ НАБАВУВАТЕ И КОРИСТИТЕ ПИРОТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА НА ЈАВНИ И ДРУГИ МЕСТА

Со користењето на истите, претставувате голема опасност за самите себе и за останатите кои се во зоната на дејство на пиротехничките средства (петарди, светлечки проектили, огномети и слично).

Ангажирајте лиценцирана фирма која што поседува лица обучени за нивна употреба.

ДА НЕ КОРИСТИТЕ ОГНЕНО ОРУЖЈЕ, ГАСНИ ПИШТОЛИ

Со користењето на истото, претставувате голема опасност за самите себе и за останатите кои се во Ваша близина.

ЗАШТИТЕТЕ СЕ ОД КРАЖБИ

 Задолжително, пред напуштање на домот, обезбедете го Вашиот дом и  Вашите скапоцени предмети. Не чувајте пари, накит и други вредни работи во Вашиот дом.

Внимавајте на Вашето моторно возило-не оставајте вредни предмети на видливо место и  не го оставајте отклучено со клучот на брава.

Ве советуваме внимателно користење на социјалните мрежи како и објавувањето на слики, места и слично, со што им укажувате на останатите дека моментално не сте дома и станувате лесен плен за кражба.

ЗАШТИТЕТЕ СЕ ОД ПОЖАР

Пред напуштање на Вашиот дом, проверете ги куќните апарати, лампи, свеќи и останати апарати или предмети кои можат да предизвикаат пожар

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ ДОКОЛКУ ПРОСЛАВУВАТЕ НА ЈАВНО МЕСТО

Доколку во средината во која прославувате, забележите лице или група на лица кај кои е можно нивното прославување да излези од контрола, оддалечете се и пријавете кај најблискиот полициски службеник или на 192.

А доколку прославувате во угостителски објект, пријавете го на сопственикот или на обезбедувањето на објектот.

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ ДОКОЛКУ ПРОСЛАВУВАТЕ НА ЈАВНО МЕСТО ДРУГА ДРЖАВА

Никогаш да не се движите сами-секогаш во група, затоа што на тој начин се заштитувате сите меѓусебно.

Одржувајте чести контакти со Вашите најблиски во точно договорено време. Задолжително, пред заминување, обезбедете телефонски број и дополнителни информации за најблиското претставништво (амбасада, конзулат).

Доколку одлучите совесно да ја искористите Вашата граѓанска должност и пријавите на 192, кривично или прекршочно дело, тогаш несебично помагате во спречувањето на криминалот а со тоа помагате и во безбедно прославување на претстојните празници.

Секторот за внатрешни работи Битола, Ви ги честита Новогодишните и Божиќните празници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*