Don't Miss
Home / Македонија / Многи заинтересирани, а малку деца за посвојување

Многи заинтересирани, а малку деца за посвојување

Според некои податоци, над 360 брачни другари се наоѓаат на списокот за посвојување на деца без родители, чиј број во моментот изнесува 86.
Тоа значи, дека дури четири пати е поголем интересот на брачните двојки, или мајките кои сакаат да посвојат деца од бројот на моментно слободни за посвојување, кои ги очекуваат своите нови родители.
Ваквиот парадокс се должи на фактот што законските процедури за посвојување на деца без родители се многу долготрајни и комплицирани и траат дури со години.
Со цел да се забрза процесот на посвојување на деца без родители, неодамна се направени измени на Законот, со кои се очекува да се скратат роковите за посвојување.
Со новите измени на Законот на девет месеци, наместо на една година се намалува и рокот за посвојување во случај кога не е потребна согласност од родител, односно за дете кое една година е сместено во институција, или друго семејство од родител кој не пројавил интерес за детето.
Родителите кои сакаат да посвојат дете сега се бираат по електронски пат од единствената листа со три најсоодветни посвоители, за разлика од 2010 година, кога листата броеше пет потенцијални посвоители, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*