Home / Политика / Груевски пред одлука за новиот локален лидер на ВМРО-ДПМНЕ на Битола

Груевски пред одлука за новиот локален лидер на ВМРО-ДПМНЕ на Битола

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски деновиве ќе одлучи кому ќе му ја довери лидерската позиција на Општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ во Битола.
Според извори на Битолски весник имено по извршените интервјуа, наводно, Груевски ги согледал сите планови на петтемина кандидати за лидер на партијата и деновиве треба да пресече кому ќе му ја укаже довербата.
Да потстетиме, во трката за нов локален лидер на Општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ на Битола од над 35 кандидати, колку што се пријавија на Конкурсот останаа само уште петмина.
Според информации на Битолски весник тие се: советникот Пеце Милевски, директорот на Гимназијата “ Јосип Броз Тито “ Кире Печалев, портпаролот на партијата и актуелен советник Благој Шаклевски, Александар Мирчевски, вработен во РЕК “Битола” и Иван Тошевски, вработен во “ФОД“.
Кој од нив ќе биде избран за нов лидер на партијата и ќе го замени досегашниот лидер и актуелен пратеник, Зоран Илиоски ќе се знае наскоро.
Сите тие беа на интервју кај лидерот на партијата и актуелен премиер Никола Груевски, и имаа можност да го запознаат со нивните планови за водење на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*