Home / Uncategorized / Адвокатите ја испразнија благајната на Клиничката болница!?

Адвокатите ја испразнија благајната на Клиничката болница!?

Позната адвокатска канцеларија од Битола деновиве ја испразнила касата на Клиничката болница во Битола, јавувуваат извори на порталот на Битолски весник.
Според информациите на порталот, откако го добија спорот против Клиничката болница во Битола, која претходно тие ја бранеа, познатата адвокатска канцеларија од Битола ја испразни жиро- сметката на болницата за износ од околу 50.000 евра.
Претходно, истата таа адвокатска канецеларија од Битола ја застапувала Клиничката болница во судските спорови против корисниците на услугите на болницата. Но откако раководството предводено од тогашниот директор Михајло Џолонга, еднострано го раскинало договорот адвокатската канцеларија ја тужела болницата и го добила спорот, по што си го наплати побарувањето за сите спорови што претходно ги водела.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*