Министерот за правда Билен Саљији вечерва си поднесе оставка поради одлуката на јавниот обвинител да го преквалификува обвинението за малиот Алмир.
-Во овие моменти чувствувам дека довербата е разнишана поради одлуката јавниот обвинител да го преквалификува обвинението за малиот Алмир. Оваа контраверзна одлука беше оспорена и од четворицата јавни обвинители. Јас како прв човек на Министерството за правда чувствувам да поднесам оставка, изјави Саљији.
Тој се заблагодари на вработените во министерството, на партијата од која доаѓа, како и на премиерот за укажаната доверба.