Познатата светска тенисерка Мартина Навратилова на „УС Опен” ја запроси својата долгогодишна девојка, руската манекенка Јулија Лемигова со која се забавува 8 години.
„УС Опен” на 57-годишната манекенка ѝ изгледало како идеално место да ја запроси 42-годишната Јулија.
Руската манекенка била видно изненадена кога Навратилова клекнала пред неа и на рака и ставила свршенички прстен.
– Веќе со години го чекам вистинскиот момент да ја запросам. За среќа добив потврден одговор – со голема насмевка изјавила Мартина, која потоа среќната вест ја сподели на “твитер“ со своите фанови.
Мартина во 1981 година призна дека е лезбејка, а со Јулија се во врска од 2006 година.
Tagged with: прстен свадба свршувачка