Don't Miss
Home / Uncategorized / Македонија да ги почне преговорите

Македонија да ги почне преговорите

Македонија да ги започне преговорите за членство во Европската Унија, соопшти еврокомесарот Јоханес Хан, презентирајќи го извештајот за напредокот на Македонија.

„Направено е многу и тоа треба да биде пофалено, а Унијата соодветно да одговори на тие напори“, рече Хан и додаде дека препораката се базира на длабока анализа.

Во опшиот дел од Извештајот во однос на Македонија се наведува дека парламентарните избори одржани во декември 2016 во голема мерка придонеле да се надмине длабоката политика криза. Процесот на неопходни структурн реформи е долг и ќе бидат потребни години, а поправањето на штетите нанесени изминатите години не може да се случи преку ноќ.

И покрај тешкотиите поради отсуството на главната опозициска партија од декември до крајот на јануари, најголем дел од овие важни стратегии беа усвоени кон крајот на декември до февруари, а многу други се подготвени и чекаат на усвојување во следните месеци, врз основа на приоритетноста.

Но поважно од тоа е политичката волја да продолжи повторно. Во целото општетство има позитивна промена во однос на политичката свест, чиј недостаток беше главна кочница за реформите во изминатите години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*